Холивудската продуцентка Кетлин Кенеди (73), позната по работата на филмските хитови „Војна на ѕвездите“ и „Паркот Јура“, ќе биде задолжена за свеченото отворање и затворање на Олимписките и Параолимписките игри во Лос Анџелес во 2028.
Кенеди, која осумпати била номинирана за Оскар, е назначена за раководителка на церемониите и содржините. Таа во јануари се повлече од функцијата претседателка на филмското студио „Лукасфилм“, кое го водеше од 2012 година. Во својата богата кариера соработувала со Стивен Спилберг и учествувала во создавањето на филмските класици „И-Ти“, „Паркот Јура“ и „Шиндлеровата листа“.
„Олимписките игри имаат посебно место во мојот живот. Со мојот сопруг Френк Маршал присуствувавме на речиси сите Игри од 1984 година, кога се одржаа во Лос Анџелес. Спортот останува едно од најголемите искуства што ги обединуваат луѓето“, рече Кенеди.
Претседателот на организацискиот комитет, Кејси Васерман, кажа дека Кенеди е една од најголемите холивудски продуцентки и дека не може да замисли подобра личност која ќе ја пренесе магијата на Холивуд на Олимписките игри.
ОИ во Лос Анџелес ќе бидат отворени на 14 јули 2028, а ќе завршат на 30 јули.
Фото: Гети