ПО БАНКРОТОТ, БОРИС БЕКЕР СЕ РАЗВЕДЕ ПО ВТОРПАТ

Берлин, (АП)

Германската тениска легенда Борис Бекер се раздели од сопругата Лили, потврди неговиот адвокат Кристијан-Оливер Мозер.

Ова е втор пропаднат брак за 50-годишниот Бекер, кој претходно осум години беше со Барбара Фелтус.

„Одлуката да се стави крај на 13-годишна врска, односно на девет години брак не беше лесна. Разделбата беше неизбежна и нивната главна грижа сега е осумгодишниот син Амадеус“, изјави Мозер.

Бекер има два деца од бракот со Фелтус, а во 2001 година призна и дека има ќерка од краткотрајна врска со рускиот модел Ангела Ермакова.

Разводот од 41-годишниот холандски модел уследи неполна година, откако трикратниот освојувач на Вимблдон беше принуден да прогласи банкрот.