ВУДИ АЛЕН ЌЕ РЕЖИРА ОПЕРА ВО МИЛАНСКА СКАЛА

Милано, (АП)

Миланска Скала ќе ја отвори сезоната 2018-19 со новата продукција на „Атила” на Верди, продолжувајќи ја традицијата со италијанската оперска продукција, додека американскиот режисер Вуди Ален ќе ја режира операта „Џани Скики“ од Пучини.

Четирикратниот оскаровец веќе ја постави оваа опера во Лос Анџелес. Неговата поставка на „Џани Скики“ ќе игра заедно со новата продукција на Скала, „Пред музиката беа зборовите“ на Антонио Салиери.

Генералниот директор на престижната светска оперска куќа, Александер Переира, најави дека следната година ќе имаат 15 наслови, од кои повеќе од половина ќе бидат нови продукции.