МЕЛАНИЈА ТРАМП НИКОЈ НЕ ЈА ВИДЕЛ 20 ДЕНА

Вашингтон, (Си-Ен-Ен)

Изминаа точно 20 дена откако Меланија Трамп не се појавила во јавност.

Таа за последен пат беше видена на 10 мај, кога им посака добредојде на тројцата американски заложници во Северна Кореја, а четири дена подоцна, беше примена во воениот медицински центар „Волтер Рид“, каде што, како што беше појаснето од Белата куќа, беше подложена на третман за бенигна бубрежна состојба.

Оваа изјава беше дадена по операцијата, при што портпаролката Стефани Гришам кажа дека „таа била успешна и поминала без компликации“.

Сепак, 16 дена подоцна, Доналд Трамп и Белата куќа сѐ уште се немаат огласено, што покрена прашања во јавноста дали првата дама е добро.

Госпоѓа Трамп е добро, интернетот претерува, како и секогаш. За жал, се соочуваме со теории на заговор цело време, така што тоа не е ништо ново за нас“, вели Гришам, негирајќи дека Меланија се преселила во Њујорк.

Последните анкети покажуваат зголемување на популарноста на Меланија Трамп за десет отсто и таа моментално е најсаканиот член на оваа администрација.

Јас не би го опишала ова како долго отсуство. Таа беше во болница речиси една недела и сега заздравува дома. Таа имаше неколку состаноци овие денови и така ќе продолжи оваа недела“, додаде Гришам.