Вердиевата опера „Аида“ вечерва во 20 часот, традиционално, ќе ги затвори 46. Мајски оперски вечери во Македонската опера и балет (МОБ).
Љубовниот триаголник помеѓу робинката Аида, командирот на војската Радамес и принцезата Амнерис ќе го пренесат солистите Ана Лукреција Гарсија (Венецуела), Валтер Фракаро (Италија) и Софија Јанелидзе (Грузија).
Во останатите улоги се првенците на МОБ, Владимир Саздовски, Невен Силјановски, Марјан Јовановски, Александра Лазаровска-Василевски и Марјан Николовски.
Ќе диригира Бисера Чадловска, а режијата е на Дејан Прошев.
Претходно, во 19 часот, во фоајето на МОБ ќе се отвори ретроспективна изложба на фотографии, во чест на 100-годишнината од раѓањето на примадоната Данка Фирфова (1918-2003).