БЕН АФЛЕК Ѝ СЕ ИЗВИНИ НА ХИЛАРИ БАРТОН ШТО ЈА ФАТИЛ ЗА ГРАДИ ПРЕД 14 ГОДИНИ

Лос Анџелес, (Си-Ен-Ен)

Холивудскиот актер Бен Афлек ѝ се извини на колешката Хилари Бартон што ја фатил за гради среде телевизиска емисија. Инцидентот се случил во 2003 година, кога Бартон била водителка на емисија на мизичкиот каналот „Ем-Ти-Ви“, а Афлек гостин.

„Несоодветно се однесував кон госпоѓа Бартон и за тоа искрено се извинувам“, напиша Афлек на својот Твитер профил.

Видеото од инцидентот се појави во средата, откако Бен, преку порака на Твитер го осуди холивудскиот моќник Харви Вајнстин, кој е обвинет за сексуално малтретирање на голем број жени, меѓу кои и холивудските ѕвезди Анџелина Џоли и Гвинет Палтроу.

„Афлек сред емисија ја фати за гради Хилари Бартон. Да не го заборавиме тоа“, е еден од коментарите кои се појавија на Твитер заедно со видеото.

Бартон на коментарот одговори „Не заборавив. Тогаш морав да се смеам, за да не заплачам“, искоментира на Твитер глумицата.