КОНДОМ И ЗА ПРВИОТ СЕКС ВО ЖИВОТОТ

Насекаде низ светот луѓето делат разни мислења и гледишта за невиноста, кои претежно се под големо влијание на одредена култура или религија. Поради ова, некогаш може да стане тешко да имаш свој став за оваа тема. Исто така, луѓето имаат разни мислења околу тоа каков треба да биде првиот секс во животот.  Дали е тоа едноставно преку пенетрација? Дали за губење на невиноста се смета и аналниот секс?

Сите се согласуваат, без разлика дали се работи за женско или машко, дека ако никогаш сте немале секс, тогаш сте невини. Меѓутоа за девојките, многумина сметаат дека невиноста зависи од состојбата на хименот (слојот на кожа што го покрива вагиналниот отвор), ако тој е скинат или не, иако тоа не е воопшто добра мерка. Спортовите како јавање или гимнастика како и користењето на тампони може да го истегнат хименот, а ако не е толку дебел, и целосно да го скинат.

Можеби најважниот чекор пред на имате секс за првпат, е да се спремите против неочекуваните несакани работи – користете кондом, не би сакале првиот пат да биде причина за каење.

Првиот сексуален однос за девојките не мора да боли, но само ако таа е релаксирана и сексуално возбудена. Ако таа е под стрес, вагината ќе остане сува и стегната, што го отежнува процесот на пенетрација и предизвикува непријатни болки. Доколку и двајцата посветите повеќе време и трпеливост за да бидете релаксирани, вагината ќе стане влажна и можното крварење кое е обично за првиот пат при кинење на хименот, ќе биде помало. Од друга стана, ако хименот е дебел и не многу флексибилен, може да се случи да имате крварење дури и вториот или третиот пат.

Не постои правило кое вели дека мора да имаш оргазам. Не се преправај дека имаш оргазам. Не е фер кон другиот. Водењето љубов без оргазам може да биде исто така прекрасно. Нормално е првиот пат да посакате сé да биде совршено и неверојатно, да имате имагинарна слика, поради што можеби обајцата ќе бидете сериозни и под тензија.

Но, обидете се да го задржите релаксираното расположение – хуморот и сексот се апсолутно добар микс.