15 ГОДИНИ ОД ПРВОТО ВИДЕО НА ЈУТЈУБ – ДЕНЕС СЕ ОБЈАВУВААТ 500 ЧАСОВИ ВИДЕО СЕКОЈА МИНУТА

Њујорк, (Си-Ен-Ен)

Првото видео објавено на Јутјуб наполни 15 години.

На 23 април 2005, коосновачот на Јутјуб Џавед Карим постираше видео од 18 секунди насловено „Јас во зоолошка градина“ и го прикажуваше него како стои пред слонови.

„Кул работа со слоновите е што имаат многу, многу долги сурли. И тоа е тоа“, вели Карим и почна ново поглавје во дигиталното доба.

Видеото оттогаш собра 90 милиони прегледи и остана единствено објавено на каналот на Карим. Една година подоцна, тој и неговите партнери го продадоа Јутјуб на „Гугл“ за 1,65 милијарди долари.

  • „Чарли ме гризна за прст“ во 2007 година стана прво вирално видео во историјата.
  • Следната година, „Еволуција на танцот“ стана прво видео со 100 милиони прегледи.
  • За првата милијарда се чекаше до 2012, што му успеа на јужнокорејскиот пејач Псај со спотот за „Гангнам стил“.
  • Најмногу прегледи има спотот за песната „Деспасито“ – 6,7 милијарди.
  • Повеќе од две милијарди корисници се вклучуваат на Јутјуб секој месец.
  • Секој ден се гледаат содржини во вкупно траење од една милијарда часови.
  • 500 часови видео се поставуваат на Јутјуб секоја минута.