„ЕЛ ЏИ“ ПОТВРДИ ДЕКА НЕГОВИОТ НОВ СМАРТФОН ЌЕ ИМА ПЕТ КАМЕРИ

Сеул, (Енгаџет)

„ЛГ В40 тинк“ излегува на пазарот на 3 октомври, но во Кореја, компанијата веќе делумно покажа како ќе изгледа најновиот од нејзината В-серија смартфони.

Притоа беше потврдено она со што веќе подолго време се шпекулираше: дека тој ќе има пет камери, три позади и две на предниот дел.

И додека оваа објава не даде никакви спецификации на камерите, „Ел Џи“ потврди дека новиот смартфон ќе има 6,4-инчен екран и стаклена рамка. Во комбинација со тенок и лесен дизајн, компанијата тврди дека сето ова ќе го направи телефонот поедноставен и поудобен за користење со една рака.

Телефонот ќе биде достапен во три бои, сива, црвена и сина, а задното стакло доби дополнителна заштита од гребаници.