ХАШТАГ ЈУНАЈТЕД – ИГРА ВО 10. ЛИГА, А ПОЛА МИЛИОН ЛУЃЕ ГО ГЛЕДААТ НА ЈУТЈУБ

Лондон, (Би-Би-Си)

Дури и оние кои најредовно следат фудбал, веројатно немаат слушнато за Хаштаг јунајтед. Ништо чудно, имајќи предвид дека осум години го делат од елитната англиска Премиерлига.

Па, сепак, овој клуб има 440.000 претплатници на својот канал на Јутјуб, повеќе од сите премиерлигаши, освен оние од најдобрата шесторка, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Арсенал, Челзи и Тотенхем. Основан од јутјуберот Спенсер Овен во 2016 година како егзибициска екипа, Хаштаг јунајтед денес е полупрофесионален клуб, кој од следната сезона ќе се натпреварува во деветтата лига.

„Неверојатно е кога ќе се помисли каде бевме пред три години. Само замислете каде ќе бидеме за неколку години! Токму мечтата нè доведе таму каде што сме“, изјави Овен.

Ако продолжи со овој подем, на клубот ќе му треба сопствен стадион, бидејќи сега е домаќин во Тотенхем, на игралиште со капацитет од 2.500 седишта.

Хаштаг јунајтед стана популарен бидејќи ги објавуваше своите мечеви на Јутјуб, што му донесе спонзорство од „Адидас“ и од видеоиграта „Фудбал менаџер“. Во меѓувреме, успеа дури и да продаде еден играч во клуб од третата лига.