ИЗБРАНИ ФИНАЛИСТКИТЕ НА ПРВИОТ ИЗБОР НА МИС ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Лондон, (Јуроњуз)

Среде загриженоста дека вештачката интелигенција е закана за бројни работни места и за уметничкото изразување, платформата Фанвју го организира првиот избор на Мис вештачка интелигенција (Miss AI) и сега ги објави десетте финалистки, кои доаѓаат од осум држави.

Меѓу нив се дигитално создадени модели од Франција, Португалија, Турција, Романија, Мароко, Бразил, Индија и Бангладеш. Тие биле избрани од 1.500 апликации поднесени од креатори на содржини од цел свет и сите имаат добиено и име и биографија.

Ајана Реинбоу (Романија) / Серен Ај (Турција)

„Изборот има за цел да демонстрира промена на начинот како ги перцепираме убавината и креативноста во доменот на вештачката интелигенција. Тој ги спојува креаторите на вештачка интелигенција од целиот свет за да ги прикажат своите дигитални креации“, вели Вил Монанж, коосновачот на Фанвју.

Победникот на изборот ќе добие 20.000 долари.