ИВАН КУКИЌ ЌЕ ГО ПРОМОВИРА НОВИОТ АЛБУМ НА КОНЦЕРТ ВО БЕЛГРАД, ГОСТИН Е ДАДО ТОПИЌ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Младиот рок музичар Иван Кукиќ и неговиот бенд „Саунд терапи“ на 3 ноември ќе го промовираат новиот албум „Маѓепсан круг“ на концерт во салата „МТС“ во Белград. Специјален гостин на концертот ќе биде легендарниот рок музичар Дадо Топиќ.

Иван Кукиќ важи за еден од најталентираните басисти на домашната музичка сцена. Тој свири во триото на Влатко Стефановски и потекнува од музичко семејство. Негови родители се пејачите Ленче и Горан Кукиќ, од кои ја наследил љубовта кон музиката.

За концертната промоција на новиот албум, Кукиќ вели дека ќе биде вечер исполнета со нова авторска музика и силна рок енергија.