ЈУТЈУБ НАПОЛНИ 20 ГОДИНИ – ОНА ШТО ПОЧНА КАКО ЗАБАВА СТАНА КОНКУРЕНТ НА АМЕРИКАНСКИТЕ ТВ-ГИГАНТИ

Њујорк, (АП)

Јутјуб за 20 години еволуираше од спонтана идеја во столб на модерниот живот кој е на прагот да ја претекне американската кабловска телевизија во бројот на претплатници.

Колегите од „Пејпел“, Стив Чен, Чед Харли и Џавед Карим, го зачнале Јутјуб во 2005 за време на заедничка вечера, а доменот youtube.com го лансирале на денот на вљубените, 14 февруари. Можноста за поставување видеа била додадена на 23 април, кога Карим го објавил своето прво видео „Јас во зоолошка градина“, долго 19 секунди. Тие го продале Јутјуб на „Гугл“ во 2006 за 1,65 милијарди долари.

Во изминатите две децении, Јутјуб пораснал далеку над она што можело да се замисли во 2005.

Јутјуб го почнаа другари кои сакале видеосервис на кој многупати ќе можат да ја гледаат снимката од Супербоулот на која Џенет Џексон има проблеми со облеката. Денес, тоа е најголемиот дигитален видеосервис на светот и во гледаноста и во приходите“, вели аналитичарот Рос Бенес.

Јутјуб лани имал повеќе од 2,5 милијарди корисници, а бројот на претплатници достигнал 100 милиони.

Успехот на Јутјуб произлезе од тоа што ги предизвика традиционалните телевизиски гиганти така што корисниците се тие кои создаваат и објавуваат содржини, без значајни продукциски трошоци. Според „Гугл“, секоја минута на Јутјуб се објавуваат повеќе од 500 часови видеоснимки.

Пред 20 години беше смешно да се помисли дека оваа веб-страница може да стане закана за ‘Дизни‘, Еј-Би-Си и Си-Би-Ес“, вели Бенес.

(Фото: АФП)