КРЕАТОРОТ НА КРИПТОВАЛУТАТА ЕКС АР ПИ СЕГА Е ПОБОГАТ ОД ОСНОВАЧИТЕ НА „ГУГЛ“

Њујорк, (Слејт)

Богатството на Крис Ларсен, коосновач и извршен претседател на компанијата за продажба на криптовалути „Рипл“, порасна на 59,9 милијарди долари, според извештајот на Си-Ен-Би-Си.

Тоа го прави еден од петтемина најбогати луѓе во Америка, побогат од основачите на „Гугл“, Лери Пејџ (50,7 милијарди) и Сергеј Брин (49,3).

Како му успеа на Ларсен така брзо да се пробие меѓу најбогатите луѓе? Одговорот лежи во брзиот подем на криптовалутата на „Рипл“, Екс Ар Пи, чија вредност најмногу порасна во 2017 година.

„Рипл“ ја издаде својата криптовалута во 2012 година и нејзината вредност лани порасна за 36.000 проценти, значително надминувајќи ги своите главни конкуренти биткоин (1.300 проценти) и етериум (9.100).

Самиот Ларсен поседува 5,19 милиони од криптовалутата Екс Ар Пи и има 17% акции во „Рипл“, што значи дека во негова сопственост се 61,3 проценти Екс Ар Пи.