Јајцето чија првична цел беше да го урне рекордот на Кајли Џенер за најпопуларна фотографија на Инстаграм сега доби многу подлабоко значење.
Фотографијата на едно обично јајце собра рекордни 52 милиони лајкови откако беше објавена минатиот месец од анонимниот корисник наречен Ег Генг, но излезе дека таа е дел од кампања за подигнување свест за ментално здравје. Во меѓувреме се објавени уште пет фотографии од јајцето наречено Јуџин, кое сега е напукнато, откако „почувствувало притисок“ од сето внимание што го има добиено.
„Уф, сега се чувствувам многу подобро. Ако и вие чувствувате притисок, посетете го talkingegg.org за да дознаете повеќе. Ајде заедно да ја дополниме листата“, стои во текстот под последната фотографија, упатувајќи на линк со листа на земји и со службите за ментално здравје за помош на луѓето во овие држави.
Кога беше објавена првата фотографија на јајцето, од корисниците на Инстаграм беше побарана помош да се урне рекордот на Кајли Џенер од 18 милиони лајкови и во тоа се успеа за девет дена.