НОВИОТ СИСТЕМ НА „НИСАН“ ПРЕДУПРЕДУВА АКО ЗАБОРАВИТЕ НЕШТО НА ЗАДНОТО СЕДИШТЕ

Токио, (Мешабл)

Веќе не е вест дека некој заборавил дете или домашен миленик на задното седиште од својот автомобил, но тоа веќе нема да биде можно со новиот паметен уред на „Нисан“.

Системот на тревога на задната врата првпат беше претставен во „нисан петфајндер“ минатата година. Новата патентирана технологија ги активира сирената и сензорите на вратата, предупредувајќи го возачот да го провери задното седиште, откако автомобилот е паркиран.

Јапонската компанија објави дека овој систем ќе биде вклучен во девет модели на автомобили од 2019 година, а од 2022 и во теренци, седани и во камиони со четири врати.

Оваа едноставна технологија ја набљудува задната врата. Ако ја отворите пред тргнувањето и не ја отворите повторно откако автомобилот ќе биде изгаснат, системот прво ќе испрати предупредување, а потоа звукот на сирената ќе биде сè погласен и погласен.

Идејата потекнува од ужасната можност дека може да си го заборавите детето позади, што може и знаеше да биде фатално при високи температури.