Во последните неколку години, правењето селфи стана дел од секојдневниот живот на луѓето низ целиот свет, а и ни овозможи да овековечуваме моменти без да тормозиме странци на улица да нѐ сликаат.
Но, и за сликање селфи е потребно да се има добра техника, за да не се случи некого да нема во кадар.
Ова би можело да се промени со „ерселфи“, џебна летечка камера поврзана со вашиот смартфон, која прави фотографии од совршен агол од воздух.
Овој дрон може да летне десет метри во воздух и притоа не мора да бидете загрижени за квалитетот на сликите. Тој е опремен со амортизери за вибрации и со камера со пет мегапиксели, а може да снима и видео, кое стримува 1.800 пиксели, правејќи 30 слики во секунда.
Најдоброто од сѐ, дронот има големина на дланка и без проблеми може да се носи во џеб.