Вредноста на биткоин скокна на рекордно ниво од над 6.000 долари, со што вкупната вредност на биткоините во оптек достигна 100 милијарди долари. Инвеститорите продолжуваат да се обложуваат на виртуелната валута која што има ограничена понуда и која што го поплочи патот за ред други криптовалути.

Биткоин, оригиналната криптовалута, порасна над 500 отсто годинава, повеќе од што било друго што се тргува на светските пазари. Сепак, вредноста на биткоин е многу нестабилна и се случува да има подеми и падови од 26 отсто во еден ден.

Во петокот, биткоин достигна рекордна вредност од 6.000,10 долари на платформата „Битстемп“ и го заврши денот на 5.964,24 долари. Биткоин е поредок од што мислат многу луѓе. Бројот на биткоини во оптек не се очекува да надмине 21 милион и тоа придонесува за порастот на неговата вредност.