Извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг, изјави дека корисниците на нејзиниот четбот со вештачка интелигенција ќе можат да изберат гласови на повеќе познати личности. На годишната конференција на компанијата „Конект“, Закерберг откри дека четботот ќе може да зборува како актерите Џуди Денч, Кристен Бел, Оквафина и Киган-Мајкл Ки и борачот Џон Сина.
Тој истовремено го претстави првиот работен прототип на очилата со аугментативна реалност (АР) на „Мета“, наречени „Орион“.
„Многумина рекоа дека ова е најлудата технологија што ја виделе досега“, кажа Закерберг за очилата.
Тие имаат способност да проектираат дигитални претстави на медиуми, луѓе, игри и комуникации во реалниот свет. „Мета“ и Закерберг велат дека производот е чекор подалеку од десктоп компјутерите и паметните телефони, така што очилата ќе можат да извршуваат слични задачи.
Првите очила со АР оваа година ќе бидат дистрибуирани само интерно и на одбрана група програмери, при што производството на еден ваков уред чини десетици илјади долари, велат извори упатени во проектот. Првите комерцијални очила треба да се појават во 2027, до кога трошоците би требало да се намалат.
(Фото: АП)