НОВ ЗЕЛАНД САКА ДА СТАНЕ ЗЕМЈА БЕЗ ПУШАЧИ, ПРОДАЖБАТА НА ЦИГАРИ БИ БИЛА ЗАБРАНЕТА ЗА СИТЕ РОДЕНИ ПО 2004

Велингтон, (Гардијан)

Нов Зеланд објави пакет-предлози кои имаат за цел да ги забранат цигарите за идната генерација, како што тој планира да стане земја без пушачи до 2025 година.

Планот предвидува и постепено зголемување на возрасната граница за дозволено пушење, при што продажбата на цигари и производи од тутун би им се забранила на сите кои се родени по 2004 година, со што пушењето фактички би станало илегално за таа генерација.

Исто така, се разгледуваат и значително намалување на дозволеното ниво на никотин во тутунските производи, утврдување на минималната цена на тутунот и ограничување на местата каде што можат да се купат тутун и цигари.

Ни треба нов пристап. Околу 4.500 Новозеланѓани умираат секоја година поради пушењето и ни треба позабрзан напредок за да ја оствариме целта до 2025 година“, изјави заменик министерката за здравство Ајеша Верал.

Предлозите добија поддршка од голем број јавни здравствени организации.

Се смета дека пушењето е одговорно за една четвртина од смртните случаи од рак во Нов Зеланд, каде што еден милион луѓе секојдневно пушат. Ова особено е изразено меѓу домородните Маори.

Тутунот е најштетниот потрошувачки производ во историјата и мора да се исфрли од употреба. Мора да ги заштитиме идните генерации“, вели Луси Елвуд, извршната шефица на организацијата „Cancer Society“.