40 ПОЗНАТИ ЖЕНИ НА НАСЛОВНАТА СТРАНИЦА НА „ВОГ“ ЗА ПРОШТАЛНОТО ИЗДАНИЕ НА УРЕДНИКОТ ЕДВАРД ЕНИНФУЛ

Лондон, (Вог)

Откако Едвард Енинфул минатиот јуни објави дека се повлекува од функцијата главен уредник на британскиот „Вог“, читателите се прашуваа што ќе се најде во неговото проштално издание на магазинот.

Енинфул за мартовското издание избра 40 ѕвезди од насловните страници на „Вог“, вклучувајќи ги супермоделите Наоми Кембел и Иман, Серена Вилијамс, Опра Винфри, Дуа Липа, Салма Хајек, Џејн Фонда и Викторија Бекам. Секоја од нив се појави на насловната страница на британскиот „Вог“ за време на шесте години колку што Енинфул беше уредник.

Енинфул за мартовското издание избра 40 ѕвезди од насловните страници на „Вог“ (Фото: С. Мајзел)

Видеото на Инстаграм открива дека групата се собрала во студио во Њујорк за да ја слика американскиот фотограф Стивен Мајзел. Секоја од жените носи едноставна црна или бела облека.

Во прошталното уредничко писмо, Енинфул напиша:

„Еве го моето 76-то и последно издание на ‘Вог’, шест и пол години и 153 ѕвезди од насловните страници подоцна, вклучувајќи ги и 40-те легендарни жени кои се појавуваат на оваа насловна страница. Тоа беше извонредно искуство и апсолутна чест“.

Дебито на Енинфул во декември 2017 беше посветено на Велика Британија, а на насловната беше црната манекенка и активистка Адвоа Абоах. Таа се појавува повторно, како и манекенките Ирина Шајк и Синди Крафорд.

Енинфул ќе го наследи новинарката Чиома Нади од Лондон, но како шеф на уредувачката содржина, место главен уредник.