57-ГОДИШНИОТ ЕДИ МАРФИ ГО ДОБИ 10. ДЕТЕ

Лос Анџелес, (АП)

Актерот Еди Марфи и неговата вереница Пејџ Бучер добија син, Макс Чарлс Марфи. Средното име на детето е во чест на постариот брат на Марфи, комичарот Чарли Марфи, кој лани почина од леукемија.

Макс Марфи е десетто дете за 57-годишниот Еди Марфи, а второ за 18 години помладата Бучер. Тие веќе ја имаат двегодишната ќерка Изи.

Ѕвездата на „Откачениот професор“ и „Полицаецот од Беверли Хилс“ е во врска со австралиската манекенка од 2012 година, а се свршија неодамна. Неговиот најстар син Ерик има 29 години.