Американски дизајнери ја облекоа новата прва дама на САД Меланија Трамп за инаугурацијата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп, кој од денеска ќе биде 47. претседател на САД.

Меланија Трамп носи капут на Адам Липес, во комбинација со соодветен шешир на Ерик Џавитс, кој ѝ покрива половина од лицето. Таа го дополни својот изглед со црни кожни ракавици и темносини потпетици, со што се усогласи со темносиниот капут на нејзиниот сопруг.
На претходната инаугурација на Трамп во 2017, Меланија Трамп носеше креација на Ралф Лорен, оддавајќи ѝ почит на Џеки Кенеди.
(Фото: Гети)