Венеција со голем интерес го очекува доаѓањето на Анџелина Џоли и Бред Пит, но некогашните сопружници сепак нема да се сретнат на фестивалот.
Џоли вечерва ќе го промовира својот нов филм „Марија“, во кој ја игра славната оперска пејачка Марија Калас, при што приказната се фокусира на последната недела од нејзиниот живот во 1977 година.
Пит, пак, доаѓа за премиерата на „Волци“, во кој игра заедно со Џорџ Клуни. Сепак, се очекува Џоли да си замине од Венеција пред прикажувањето на „Волци“ на 1 септември.
Иако и официјално се разведени од 2019, двајцата оскаровци и натаму водат судски битки за прашања како старателство, финансии и винарија во Франција.
(Фото. Хола)