Архитектонското студио „Фостер+партнерс“ го објави дизајнот на нова станбена населба во Бангкок, во чиј центар ќе се наоѓа голема шума. Наречена Форестијас, таа, како што велат од студиото, треба да ја обнови нарушената врска помеѓу современиот градски живот и семејните традиции и ќе овозможи проширени семејства да живеат на мало растојание.
Заедницата ќе дели зелени простори, што ќе ги поттикнува жителите да се мешаат со природата и на тој начин да ја подобруваат својата добросостојба.
Во срцето на проектот ќе биде шумска област од 44.500 квадратни метри, „што на жителите ќе им донесе чувство на бегство во урбана оаза“.
Форестијас ќе биде поделена во две зони, комерцијална со јавни објекти и станбена и двете ќе бидат изградени според принципите на „паметен град“, што вклучува автономни возила и безжични сензорски мрежи.