ДИРЕКТОРОТ НА КИНОТЕКАТА ВЛАДИМИР АНГЕЛОВ ОДЛИКУВАН СО ЗНАЧКА НА ВИТЕШКИОТ РЕД ЅВЕЗДА НА ИТАЛИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Директорот на Кинотеката, Владимир Ангелов, е одликуван со значка и плакета на Витешкиот ред Ѕвезда на Италија. Одликувањето што го доделува италијанскиот претседател по препорака на министерот за надворешни работи на Италија Ангелов го прими за особени заслуги во промовирањето на италијанската култура и кинематографија.

Ангелов беше одликуван од амбасадорот на Италија во земјава, Андреа Силвестри, на отворањето на Неделата на италијански филм. Годинава, тема на филмскиот циклус е емиграцијата, а селектор е професорот Марко Пешетели.

Неделата на италијански филм се одржува во Летното кино на Кинотеката, а вечерва на програмата од 20 часот е „Убав, чесен емигрант во Австралија би со оженил со чесна сограѓанка“, во режија на Луиџи Ѕампа. Влезот е слободен.