„БУГАТИ“ ГО ПРЕТСТАВИ ДИЗАЈНОТ НА СВОЈАТА ПРВА СТАНБЕНА ЗГРАДА

Дубаи, (Дезин)

Производителот на луксузни автомобили „Бугати“ го претстави дизајнот на својата прва станбена зграда, 42-катница што ќе се гради во Дубаи. „Бугати резиденсис“ ќе биде првиот влез на оваа автокомпанија на полето на станбени недвижности, придружувајќи им се на „Бентли“ и „Астон Мартин“.

На покривот ќе има серија базени

Првата зграда на „Бугати“ ќе содржи 171 стан и 11 пентхауси, а на покривот ќе има серија базени. Секој стан ќе има уникатен облик и пристап до заоблен балкон. Благодарение на посебни лифтови, сопствениците ќе можат да го довезат својот автомобил до самиот стан.

Проектот вклучува и приватно спа и плажа во стилот на француската ривиера.