Данското архитектонско студио „БИГ“ ќе прошири поранешен супермаркет во Северен Јитланд, Данска и ќе направи музеј со покрив во форма на листови хартија. Музејот за хартиена уметност има за цел да ја одбележи историјата на овој вид уметност во Данска.
Поранешниот супермаркет на површина од 900 квадратни метри ќе биде трансформиран во музеј од 2.300 квадратни метри. Покривот потсетува на лист хартија кој како да паѓа врз објектот.
Старата зграда, која беше дел од ланецот супермаркети „Алди“, моментално е дом на постоечкиот Музеј на хартиена уметност, кој се отвори во 2018.
„Дизајниравме едноставен концепт кој овозможува еден лист хартија да се обвива над местото и постоечката зграда“, рече Дејвид Зале од „БИГ“.