Тие се раштркани низ цела Европа и нивниот совршен геометриски дизајн може да се забележи само од високо.

Со изглед на снегулка или ѕвезда, овие градови биле бисери на раната модерна ера и проектирани од некои од најбрилијантните умови од тоа време. Науката на градење на вакви утврдени градови се појавила во Италија во времето на ренесансата, кога барутот и топовите ги направиле дотогашните средновековни ѕидови застарени. Златната ера на оваа архитектура била во 16. и 17. век, кога во многу делови од Европа постојано се војувало.

Карловац (Хрватска)

Тие денес можат да се пронајдат и во Холандија, Белгија, Франција, Чешка, Полска, па дури и во Хрватска.

Холандија е водечка дестинација за оние кои се заинтересирани за архитектурата на „градови ѕвезди“. Меѓу нив, најимпресивен е Нарден, 20 километри од Амстердам. Целосно окружен со два реда утврди и два водени прстена, Нарден е совршен „град ѕвезда“.

Замошч (Полска)

Пример на ваква архитектура во поранешна Југославија е Карловац во денешна Хрватска. Изграден во 1579 година, тој требало да биде бастион за заштита од турската инвазија. Во 17. век, Турците направиле седум обиди да го освојат и сите биле неуспешни.

Терезин (Чешка)

Елваш (Португалија)

Пескјера дел Гарда (Италија)

Палманова (Италија)

Буртанж (Холандија)