Холандското архитектонско студио МВРДВ ги објави дизајните за блок станбени згради во град во Холандија, со зелена фасада формирана од полици со растенија.

На врвот на зградите ќе има покрив со растенија, но целата фасада на секоја зграда ќе биде покриена со полици со зеленило. Растенија во саксии, грмушки и дрвја во различни димензии ќе бидат поставени на полиците.

„Растенијата и дрвјата можат да помогнат во намалување на загадувањето, да ги оладат нашите градови и да се промовира биодиверзитетот“, вели Вини Мас, основач на МВРДВ.