Куќа со челична фасада без прозорци е изградена во Сеул. Дизајнирана од јужнокорејското студио „Ателје ич“, куќата наречена „Бомун“ е направена со челична фасада за да се спречи поглед кон соседните згради. Таа се наоѓа во тесна улица со повеќе семејни куќи и е едвај доволно широка за пристап на возила.
„Со оглед на лошите услови за природна светлина и лошата глетка, наш главен приоритет беше да ја направиме зградата без прозорци“, рече коосновачот на ателјето Јурим Ли и додаде:

„Бидејќи долните катови ќе се издаваат, беше важно куќата да се истакне на позитивен начин“.
Челикот беше избран како исплатлив материјал што ќе овозможи да се создаде посебен контраст со околните згради.
„Во рамките на ограничениот буџет на проектот, овој материјал беше ефикасно искористен за да се постигне драматична трансформација“, рече Ли.