ЛАС ВЕГАС ПРВПАТ ЈА ВКЛУЧИ ОГРОМНАТА КУПОЛА ОБВИТКАНА СО НАЈГОЛЕМИОТ ЕКРАН НА СВЕТОТ

Лас Вегас, (Гардијан)

Огромна анимирана купола, опишана како најголемиот екран на светот, доминираше во панорамата на Лас Вегас откако беше пуштена за првпат во чест на Денот на независноста. Околните хотели изгледаа многу мали во споредба со 110 метри високата структура, кога ЛЕД екранот наречен Егзосфера беше пробно осветлен во пресрет на официјалното отворање наесен.

Сличен проект треба да се гради во источен Лондон, но досега беше одложен повеќепати.

(Фото: Гети)

Во „МСГ сфера“ вредна две милијарди долари ќе се одржуваат концерти, а ќе може да прими десетици илјади луѓе. Официјално ќе биде отворена на 29 септември со концерт на „Ју-Ту“.

Егзосфера е повеќе од екран или билборд. Таа е жива архитектура, ништо слично не постои во светот“, изјави Гај Барнет, потпретседателот за креативен развој во „МСГ сфера“.

Надворешноста се состои од 1,2 милиона ЛЕД светленца, способни да прикажуваат 256 милиони различни бои.