Некои гробишта низ светот се познати по оригиналната архитектура, зелените површини, но и по специфичниот дизајн на гробовите. Поради специфичната архитектура, но и поради тоа што во дел од нив се погребани голем број славни личности, нив ги посетуваат голем број туристи.
Изгледот на гробиштата се разликува според верувањата и традициите во земјите.
Еве дел од гробиштата кои имаат посебна историја и архитектура:
- ХАЈГЕЈТ, ЛОНДОН: Од март годинава, гробиштата масовно се посетувани од фановите на Џорџ Мајкл, кој е тука погребан. Тука е и гробот на Карл Маркс, но има и многу други причини поради кои овие гробишта се посетувани, како што се мавзолеите кои се наоѓаат на западната страна.
- ГРИН ВУД, БРУКЛИН: Распространети на 193 хектари, гробиштата во Бруклин се познати по голем број знаменитости, како што се портите во готски стил од времето на Граѓанската војна.
- АРЛИНГТОН, ВАШИНГТОН: Тоа е место каде се погребани голем број војници, кои загинале низ историјата без да им се идентификуваат телата. Тука е погребан и поранешниот американски претседател Џон Кенеди.
- ПЕР ЛАШЕЗ, ПАРИЗ: Најголемите и најпосетувани гробишта во Франција и тука се наоѓаат гробовите на музичарот Џим Морисон и писателот Оскар Вајлд.
- САУТ ПАРК СТРИТ, ИНДИЈА: Познати се по зеленилото и по гробови изградени со столбови и куполи.
- ЛА ПАЗ, БОЛИВИЈА: Телата на мртвите се кремирани, ставени во ѕидовите на гробиштата зад стакло и украсени со цвеќиња.
- ВЕСЕЛИ ГРОБИШТА, РОМАНИЈА: Надгробната плоча е во сина боја, на која е насликана илустрација на починатиот, која што го прикажува неговиот живот. Под сликата се испишани стихови од песна.