Додека Северна Кореја излегува од самонаметната петгодишна изолација по ковид пандемијата, нова блескава населба со висококатници никна во главниот град Пјонгјанг.
Државната новинска агенција КЦНА објави фотографии од развојниот проект со 10.000 станови во новиот округ Хвасонг, кој покажува облакодери што се издигнуваат долж широк булевар. Овој проект е дел од амбициозен петгодишен план најавен во 2021, со кој треба да се изградат 50.000 нови домови во Пјонгјанг, каде што квалитетот на животот е значително подобар во однос на остатокот на земјата.

КЦНА објави дека новата населба содржи станбени, комерцијални, образовни и услужни објекти и дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун бил директно вклучен во дизајнирањето и во планирањето на изградбата.
Хвасонг е последниот во серијата развојни проекти во Пјонгјанг, кој се одликува со архитектура во пастелни бои и советски стил.
(Фото: КЦНА)