ФУТУРИСТИЧКИОТ МУЗЕЈ НА НАУЧНАТА ФАНТАСТИКА ВО КИНА СЕ ИЗГРАДИ ЗА САМО 12 МЕСЕЦИ

Кина, (Си-Ен-Ен)

Седумкрака метална ѕвезда која лебди на површината на езерото или вселенски брод дојден од длабочините на вселената, новиот музеј во кинескиот град Ченгду изгледа како нешто од научната фантастика. И тој е токму тоа: Музеј на научната фантастика.

Од една страна, динамичниот покрив ги имитира косините на планините во далечината, од друга, настрешницата има изглед на облак.

Музејот изгледа различно од секој агол. Секогаш ќе изгледа необично и неочекувано“, вели Пауло Флорес, еден од директорите на архитектонското студио „Заха Хадид“, кое го проектираше музејот.

Тој беше нарачан во 2022 за да биде домаќин на годинашното 81. издание на Светската конвенција за научна фантастика.

За зграда со вакви големина и сложеност вообичаено би биле потребни четири-пет години да се изгради. Но, од концептот до завршувањето на изградбата поминаа само 12 месеци“, откри Флорес.

Музејот се простира на површина од 59.000 квадратни метри, со што е трипати поголем од Сиднејската опера.

Архитектите користеле модерни технологии и разни софтвери за да се забрза работата, што овозможило дизајнирањето и конструирањето да се одвиваат паралелно.