НОВИОТ ТЕРМИНАЛ НА АЕРОДРОМОТ ВО ФИРЕНЦА ЌЕ БИДЕ ПОКРИЕН СО ЛОЗЈЕ

Италија, (Дезин)

Американското архитектонско студио „Рафаел Виноли“ планира да го покрие новиот меѓународен терминал на аеродромот во Фиренца со 7,7 хектари лозје. Терминалот ќе има големина од 50.000 квадратни метри и се очекува да го користат над 5,9 милиони патници годишно.

Главното обележје ќе биде огромниот накосен покрив, на кој ќе бидат посадени 38 реда лоза. Според архитектите, тоа ќе биде посвета на репутацијата на Фиренца како срцето на Тоскана, која е еден од винските центри на Италија.

„Уникатноста на новиот терминал ќе биде лозјето од 7,7 хектари, Водечка винарија од регионот ќе го обработува лозјето, а виното ќе се прави и старее во специјализирани визби под покривот на терминалот“, велат од „Рафаел Виноли“.

Во внатрешноста, терминалот ќе има голем простор налик на плоштад.