Архитектонското студио БИГ го заврши проширувањето на школата за бизнис на Универзитетот Масачусетс, давајќи му изглед на домино коцки како паѓаат.

Новиот павилјон од 6.503 квадратни метри е додаден на оригиналната зграда од 1964 година, со цел да обезбеди пофлексибилен простор за студентите и за нивните активности.

Новиот павилјон е додаден на оригиналната зграда, изградена во 1964 (Фото: Дезин)

Сместена до трговскиот центар на кампусот, кружното дополнување се протега од северната и источната фасада на постојната правоаголна зграда и се обвиткува околу дворот.

„Фасадата е повлечена во домино ефект, за да создаде великодушна покана од трговскиот центар до просторот за учење. Трговскиот центар и дворот формираат форум во кој студентите, факултетот и професијата можат да се запознаваат и мешаат. Така се мешаат општеството и образованието”, вели Ингелс.