Универзитетот Кембриџ објави дека нема да држи непосредна настава и во текот на следната академска година поради коронавирусот. Предавањата ќе им бидат достапни на студентите онлајн, а часови во помали групи ќе бидат можни само ако се почитува социјално дистанцирање, кажаа од универзитетот.

Универзитетскиот кампус е затворен за оваа учебна година, а сите предавања и испити уште од март се спроведуваат преку интернет.

„Имајќи предвид дека социјално дистанцирање ќе биде неопходно и во наредниот период, универзитетот донесе одлука да нема непосредни предавања во текот на следната академска година. Целата настава ќе се одвива онлајн. Одлуката може да се промени доколку има нови официјални препораки во врска со коронавирусот“, соопшти управата на Кембриџ.

Иако наставата ќе биде онлајн, студентите ќе плаќаат полна школарина.