„СМАТ“ ЌЕ ОБЕДИНИ ХАРДКОР, МЕТАЛ, ПАНК И ХИП ХОП НА КОНЦЕРТОТ ВО МКЦ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Смат“, еден од најпопуларните македонски хардкор/металкор бендови, вечерва во Младински културен центар во Скопје ќе одржи концертна промоција на својот последен албум „Тие се насекаде“.

Објавен пред една година, „Тие се насекаде“ беше одлично прифатен од фановите и по ланските настапи на Д Фестивал и Таксират, „Смат“ сега повторно ја презема сцената како главни ѕвезди на еден од највозбудливите домашни музички настани за оваа година.

„Смат“ ќе има и гости на вечерашниот концерт, избирајќи бендови за кои велат дека им се допаѓаат музички, а меѓу нив ќе има и панк („Последен удар“) и хип хоп („Зад аголот“) и метал („Санаториум“). Како големи пријатели на бендот, „Смат“ по подолго време ги враќа на сцена македонските метал икони „Санаториум“.

Вратите на МКЦ се отвораат во 20.30, а концертот почнува во 21.15 часот.