Долгоочекуваниот нов аеродром во Берлин конечно ќе биде отворен на 31 октомври, откако доби зелено светло од властите. Берлин-Бранденбург (БЕР) требаше да почне со работа во март 2011, но тоа беше одложено за речиси цела деценија поради скандали и други проблеми.

Четиринаесет години откако почнаа градежните работи, тој конечно ќе ги замени постојните аеродроми Тегел и Шенефелд, од кои вториот ќе биде претворен во Терминал 5 на БЕР. Новиот аеродром исто така ќе го носи името на бившиот канцелар Вили Брант.

БЕР, кој се претвори во проект од 10 милијарди евра, ќе има капацитет од 28 милиони патници годишно.