Социјалното дистанцирање во угостителските објекти ќе биде еден од поголемите предизвици во светот после КОВИД-19, но еден ресторан во Амстердам веќе понуди практично решение.

Mediamatic Eten“, што официјално ќе се отвори на 21 мај, е вегански ресторан покрај вода, во кој што гостите ќе седат во затворени стаклени структури. Овие мали стаклени градини ќе имаат маса за двајца и ќе нудат убав поглед на градот.

Тој планира да служи храна од локални намирници и да креира мени според сезонските состојки.