СИДНЕЈСКА ОПЕРА – ДИЗАЈНИ ШТО НЕ СЕ РЕАЛИЗИРАНИ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Лондон, (Гардијан)

Сиднејската опера е една од најпрепознатливите згради на 20. век.

Кога во 1956 година премиерот на Нов Јужен Велс Џозеф Кејхил распиша меѓународен конкурс за овој објект, на него биле поднесени повеќе од 200 проекти. На крајот победи дизајнот на данскиот архитект Јерн Уцон (1918-2008), чии бетонски школки беа градени 17 години.

Проектот на бегалците од унгарскиот комунистички режим Колар и Кораб бил највисоко оценет домашен дизајн (Фото: NeoMam)

Во 2007 година, Уцон стана само втора личност чие дело беше прогласено за светско културно наследство на УНЕСКО за време на неговиот живот.

Сиднејската опера лесно можеше да има поинаков изглед денес. Сајтот budgetdirect.com.au нарача од британското креативно студио „НеоМам“ (NeoMam), заедно со архитектонски експерти од Венецуела, да истражи и доврши неколку од понудените проекти, кои сега се објавени со нивна дозвола.

(Фото: NeoMam)