ВО ЧЕШКА ЌЕ СЕ ОТВОРИ НАЈДОЛГИОТ ПЕШАЧКИ ВИСЕЧКИ МОСТ НА СВЕТОТ

Прага, (ДПА)

Рекордно долг висечки мост ќе се отвори во североисточниот дел на Чешка и ќе спојува два гребена на планината Кралицки Снежник. Според чешките туристички власти, „Скајбриџ 721“ сега е најдолгиот пешачки висечки мост на светот, протегајќи се 721 метар.

Мостот се надвиснува 95 метри над долината Млински Поток, а официјалното отворање е предвидено на 9 мај. Изграден е во близина на 55 метри високата набљудувачка платформа „Скајвок“, а неговата конструкција тежи 400 тони. За да се стигне до мостот, посетителите ќе треба да се искачат на надморска височина од 1.125 метри.

Најдолгиот пешачки висечки мост моментално се наоѓа во португалскиот град Ароука. Долг е 516 метри, но е на 176 метри над површината.