Во Западна Австралија ќе се гради највисоката дрвена зграда на светот, со револуционерен хибриден дизајн, чија височина ќе биде 191,2 метра. Зградата „Ц6“ во Перт ќе има 50 ката и 200 станови, а дрвената граѓа ќе сочинува 42% од материјалот.
Дизајнерите велат дека зградата ќе биде јаглеродно негативна, односно ќе складира повеќе јаглерод отколку што користи. Ќе комбинира лесно, издржливо и обновливо залепено ламинирано дрво и вкрстено ламинирано дрво со помали количини челик и бетон од конвенционалните методи на градба.
Моментално, највисоката дрвена зграда во светот се наоѓа во американскиот град Аскент, која е висока 86,6 метри и има 25 ката.
Во изградбата на зградата ќе бидат искористени над 7.400 кубни метри дрво, што, според дизајнерите, можат одново да пораснат за само 59 минути во еден шумски регион на одржливо земјоделство.
„‘Ц6‘ ќе потроши околу 580 борови дрвја од одржливо управувани и одгледувани шуми. Не можеме да одгледуваме бетон“, стои на веб-страницата на проектот.