СРПСКАТА ПРЕТСТАВА „САМРАК НА БОГОВИТЕ“ ИГРА ВО ДРАМСКИ ТЕАТАР ВО СКОПЈЕ СО БРАНКА КАТИЌ ВО ГЛАВНАТА УЛОГА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Српската претстава „Самрак на боговите“ е денеска на репертоарот на регионалниот фестивал РУТА во Драмски театар во Скопје, со почетокот во 20 часот. Таа ќе се изведе во Скопје две недели по смртта на режисерот Јагош Марковиќ.

Самрак на боговите“, чиј автор е Ивор Мартиниќ, имаше премиера во октомври 2019 во Београдско драмско позориште, а во една од главните улоги е прославената српска актерка Бранка Катиќ.

Ивор Мартиниќ низ специфичната драматуршка стилизација на познатиот филм на Лукино Висконти го почитува временскиот редослед на моралното пропаѓање, политичкиот раст и богатењето на семејството Фон Ашенбек, кое почнува со палењето на Рајхстагот во 1933, а завршува во Ноќта на долгите ножеви во 1934. Сѐ е сведено на една призрачна ноќна прослава на падот на старата Германија и раѓањето на нацизмот“, стои во најавата на претставата.

(Фото: БДП)