Силвио Берлускони изгледаше како да излегол од музејот за восочни фигури, кога се појави на состанокот на неговата партија Форца Италија. Многумина забележаа дека тој изгледа како замрзнат во времето и попластично од кога било.
Познат како љубител на пластични операции, Берлускони на 81 година нема ниту една брчка на лицето, што го истакнува и неговиот неприроден портокалов тен. За да остане вечно млад, тој, исто така, во минатото има правено трансплантација на коса.
Се чинеше дека италијанскиот медиумски магнат и милијардер е засекогаш отпишан од политиката, кога во 2011 година беше вмешан во сексуален скандал со малолетни проститутки, за потоа да биде обвинет и за даночно затајување. Сепак, тој би можел да направи камбек на политичката сцена, бидејќи анкетите ѝ даваат најголеми шанси на неговата партија на изборите наредната година.