БИЈОНСЕ Е ТОЛКУ МОЌНА ШТО ЈА МЕНУВА И ИСТОРИЈАТА НА МАГАЗИНОТ „ВОГ“

Њујорк, (Си-Ен-Ен)

Не е никаква тајна дека Бијонсе е една од најмоќните и највлијателни личности во светот на шоу бизнисот.

Аренби кралицата не само што ќе ја краси насловната страница на септемвриското издание на „Вог“, туку за првпат во 126-годишната историја на магазинот за таа цел беше ангажиран црномурест фотограф.

Главната уредничка Ана Винтур ѝ дала на Бијонсе целосна контрола врз фотографиите и насловите, што ќе бидат напишани од пејачката, но таа исто така добила право да избере кој ќе ја слика. Честа му припаднала на 23-годишниот Тајлер Мичел, која со тоа стана првиот Афроамериканец кој ја правел насловната страница на „Вог“.

Бијонсе за последен пат беше на насловната на „Вог“ во 2015 година и оттогаш често го користеше своето влијание за да покрене дијалог за раси и култури, што особено дојде до израз по излегувањето на албумот „Лимонада“, кој беше опишан како „револуционерно дело на црн феминизам“.