БЛАГОРОДНИЦИ И ЅВЕЗДИ НА СВАДБАТА НА ПРИНЦЕЗАТА ЈУЏИНИ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Лондон, (Би-Би-Си)

Повеќе од 850 гости, меѓу кои и членови на британското кралско семејство и светски познати личности, дојдоа на свадбата на принцезата Јуџини и нејзиното долгогодишно момче Џек Бруксбанк во капелата Сент Џорџ во Виндзор.

Членовите на британското кралско семејство (Фото: ПА)
Топ моделот Наоми Кембел (Фото: ПА)

Јуџини, која е деветта во редот за наследство на тронот, до капелата ја донесе нејзиниот татко, принцот Ендрју, облечена во венчаница на Питер Пилото и Кристофер де Вос. Принцезата носеше и тијара со смарагди, позајмена од нејзината баба, кралицата Елизабета Втора.

Холивудската актерка Лив Тајлер (Фото: ПА)

Меѓу славните личности на свадбата беа и Роби Вилијамс, Наоми Кембел, Деми Мур, Џејмс Блант, Лив Тајлер, Рики Мартин и Ел Гулдинг.

Роби Вилијамс со сопругата (Фото: ПА)
Војвотката и војводата од Кембриџ, Кејт и Вилијам (Фото: ПА)
Американската актерка Деми Мур (Фото: ПА)
Мајката и сестрата на невестата, Сара Фергусон и принцезата Беатрис, која ѝ беше деверица (Фото: ПА)
Кралицата Елизабета Втора и принцот Филип (Фото: ПА)
Манекенката Кара Делавињ (Фото: ПА)