Церемониите на крунисувањето на кралот Чарлс Трети и кралицата Камила беа заокружени синоќа со концерт во замокот Виндзор, прв кој се одржал во неговите рамки досега. Додека Чарлс и Камила седеа во кралската ложа, околу 20.000 присутни се забавуваа и вееја знамиња во подножјето на замокот.
![](https://smart.sdk.mk/wp-content/uploads/2023/05/129632469_74dae2c2-3f8c-4764-a3c8-fff75bb10f28.jpg-615x410.webp)
Меѓу музичките ѕвезди кои настапија беа Кејти Пери, Лајонел Ричи, „Тејк дет“, Палома Фејт, Никол Шерцингер и Андреа Бочели, додека поканата ја одбиле Ед Ширан, Адел, Елтон Џон и Хари Стајлс.
![](https://smart.sdk.mk/wp-content/uploads/2023/05/1000-3-1-615x410.webp)
Обраќајќи ѝ се на публиката за време на концертот, принцот Вилијам кажа дека покојната кралица Елизабета Втора би била горда мајка.
„Таа е горе и сите нè држи на око. Тато, сите многу се гордееме со тебе и со твоите постигнувања во последните 50 години. Јас посветено ќе ви служам на сите, кралот, земјата и Комонвелтот“, изјави првиот престолонаследник.
![](https://smart.sdk.mk/wp-content/uploads/2023/05/1000-4-615x410.webp)
![](https://smart.sdk.mk/wp-content/uploads/2023/05/4000.webp)