БРАЗИЛКАТА САМПАЈО Е ПРВАТА ТРАНСРОДОВА МАНЕКЕНКА НА „ВИКТОРИЈАС СИКРЕТ“

Њујорк, (АП)

Валентина Сампајо стана првата трансродова манекенка која е ангажирана од „Викторијас сикрет“, откако пред една година висок претставник на компанијата, под притисок на јавноста се извини за изјавата дека трансродовите лица се надвор од нивниот бренд.

Бразилката Сампајо објави фотографии од зад сцената на Розовата кампања на „Викторијас сикрет“, по што доби честитки од славните личности како Лаверн Кокс, која е трансродова актерка.

Лани во ноември, Ед Разек од маркетингот во интервју за „Вог“ рече дека во специјалното ТВ-шоу на ангелите на брендот за луксузуна долна облека никогаш нема да учествуваат трансродови лица, бидејќи „шоуто е фантазија“.

Сампајо не беше ангажирана за последното годишно шоу, и компанијата размислува да ја ангажира за следното шоу.